Во Собранието започна интерпелацијата на министерот за надворешни работи Никола Димитров на барање на ВМРО-ДПМНЕ.  Координаторот Никола Мицевски образложувајќи ги причините нагласи дека Димитров ја извршувал несовесно и спротивно од македонските интерес и дека ја навредил македонската нација.

Тој го наруши угледот на македонскиот народ, на целата нација и на Република Македонија.Откако стапи на функцијата постојано трпиме порази на надворешен план, сето тоа сака да го сервира како победа.Тој работи спротивно на македонските национални интереси. Првиот пораз беше договорот со Бугарија со кој Македонија повеќе изгуби отколку што доби.Преку договорот Бугарија доби моќно оружје што може да го користи во процесот на евроинтеграција.Дали министре  ова е во духот на договорот и дали испративте протесна нота – истакна Мицевски.

Според Мицевски,вториот пораз е договорот од Преспа со кој покрај името се промени историјата и културата. Овој договор не е успех туку пораз и дека Димитров најпопустливиот министер во историјата на Македонија

Ветувавте дека нема да се менува уставот па дека името нема да биде за севкупна употреба па рековте дека е договорено името „Илинденска Македонија“. Велевте дека е тешко е да сте Македонија а да не сте „Илинденска Македонија“. Не само што го навредувавте македонскиот народ не ја почитувате ни неговата волја.Референдумот беше неуспешен но вие го прогласивте за успешен бидејќи во спротивно ќе требаше да си поднесете оставка – додаде Мицевски.