Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во Софија во рамки на Црноморската иницијатива ќе се сретне во високи политички претставници на Бугарија за да го дефинира нивниот став кон Гоце Делчев како историска личност, но и да даде придонес во изнаоѓање на заеднички прифатливо решение.

Синоќа во емисијата „Само Вистина“ откри дека изминатиот викенд читал оригинални писма од деецот, што најверојатно му послужиле како аргументи за подготовка пред денешното заминување во Бугарија.

Димитров веќе рече дека Македонија и Бугарија не треба да градат непријателства околу ликот и делото на Делчев, по замерките во политичките кругови кај источниот сосед дека Бугарија може да изгради негативно гледиште кон евроинтеграциите на Македонија доколку не се најде заеднички-прифатливо решение, иако веќе е потпишан договорот за добрососедство во 2017.