Управата за јавни ја приходи ја блокирала сметката на 1 ТВ, дознава „Фактор“.

Веста засега не е потврдена, но според информациите до кои дошла редакцијата, сметката даночниците ја блокирале уште вчера. Редакцијата утрово побарала одговор од УЈП,  дали и зошто е блокирана сметката на телевизијата на Бојан Јовановски или попознат како Боки 13.

1 ТВ почна да зрачи во етерот во март 2018 година, година и половина подоцна телевизијата се соочува со блокирана сметка.