Претседателот на Комисијата за надзор на спроведувањето на мерките за следење на комуникациите, Емил Димитриев денеска објасни дека треба да се види дали броевите на 188 граѓани се следени со судски налог.

За секој број мора да постои наредба за тој број да биде предмет за следење на комуникациите.Комисијата има право да гледа анонимизирана наредба, таму не се гледа телефонскиот број туку се гледаат други податоци, додека ОТА ги има сите податоци.Нас во овој момент ни беше важно дали сето тоа што е предмет на следење на комуникациите е врз основа на судска наредба-изјави Димитриев