Зоран Заев и Венко Филипче ја подготвуваат најголемата пљачка на Република Македонија и граѓаните кои живеат во неа во вредност од половина милијарда евра. 500 милиони евра е сума која што ќе биде опљачкана од граѓаните и од државата од страна на Зоран Заев и Венко Филипче кои се Влада во заминување и им се гледа крајот многу брзо, изјави денеска портпаролот на ВМРО ДПМНЕ , Димче Арсовски.

Целиот тендер и грабеж кој се подготвува за клиничкиот центар во Скопје е класично лудило. Лудилото кое ги има обземено Зоран Заев и Венко Филипче отиде толку далеку и ако на сите ни беше чудно како е можно да местат тендер од 35 милиони евра за реагенси, сега подготвуваат сомнителен тендер да ограбат половина милијарда евра од државата, изјави Арсовски.

Апелирам, апелираме уште еднаш, сите што ќе бидат инволвирани во оваа најкриминална постапка тендерска до сега, ќе одговараат кривично според Кривичен Законик на Република Македонија за злоупотреба на службена дејност и за сума од половина милијарда евра, истите тие ќе лежат во затвор доколку одат по паметот на Зоран Заев и Венко Филипче. Договорите со странските банки ќе бидат раскинати заради висока корупција, вели Арсовски.

Ги повикувам сите вработени во министерството за финансии, вработените во Секторот за јавен долг, вклучително и вработените во министерството за здравство, да не потпишуваат ништо во врска со ова задолжување, затоа што целиот тендер, целата тендерска постапка бурно ќе ја следиме до самиот крај. Доколку некој нешто потпише од овој криминален тендер, нека има на ум можеби не во моментов додека е Заев на власт, но многу брзо кога ќе падне Зоран Заев од власт ќе одговара и казната ќе го стигне. Ќе одговара кривично, вели Арсовски.