Официјалните податоци на ДИК за резултатите од референдумот покажуваат дека гласале 666.743 граѓани или 36,91 од вкупно запишаните 1.806.336 во Избирачкиот список, што значи дека референдумот не поминал, односно не била донесена одлука на референдумското прашање, „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“

Согласно утврдениот резултат од гласањето на референдумот 2018 година одлуката не е усвоена бидејќи не гласале повеќе од половината граѓани запишани во избирачкиот список – соопшти Претседателот на ДИК, Оливер Дерковски по објавувањето на конечните резултати од гласањето.

Во однос на гласовите, „за“ гласале 91,46 проценти, или 609.813 граѓани, а „против“ се изјасниле 5,65 отсто или 37.700. Неважечки се 19.221 ливчиња или 2,89 проценти.

Од ДИК соопштија дека нивниот извештајќе биде објавен во Службен весник во рок од 15 дена, а ќе биде доставен до Собранието и објавен на веб страната на Комисијата.

Референдум 2018

Референдум 2018 – Прес Конференција на Државната изборна комисија

Posted by Државна изборна комисија / Komisioni shtetëror i zgjedhjeve / SEC on Monday, October 1, 2018