До 11 часот на 3.480 гласачки места на територијата на Република Македонија гласањето тече мирно и без неправилности.Според Државната изборна комисија, од обработените 92,06 отсто од податоците од избирачките места до 11 часот на гласање излегле вкупно 8,03 проценти од запишаните гласачи на овие избирачки места.

Како што информираше портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска, до ДИК до овој момент, се доставени седум приговори за заштита на личното избирачко право. Три од нив се одбиени, додека четири се во обработка.

На бесплатната телфонска лиија 0800 555 44 преку која граѓаните можат да пријавуваат неправилности или да поставуваат прашања до ДИК, граѓаните ја користат оваа телефонска линија, а главно, нагласи Гугучевска, прашањата се во врска со нивното лично избирачко право. Од ДИК апелираат во такви случаи граѓаните да оставаат свои податоци за контакт за да можат службите од ДИК да им одговорат на поставените прашања.

Највисока излезност, информираат од ДИК, има во општина Центар 13,31 процент, Крива Паланка 13,8 и општина Карпош 12,51, а најниска излезност има општина Могила 3,16 и Пласница 3,30.

Референдум 2018

Референдум 2018 – Прес Конференција на Државната изборна комисија

Posted by Државна изборна комисија / Komisioni shtetëror i zgjedhjeve / SEC on Sunday, September 30, 2018