Државата изборна комисија во свој прв прес на изборниот ден соопшти дека до 10 часот излезноста на гласачите е 6,31 отсто. Оваа бројка се однесува на околу 80 отсто пристигнати информации од општинските изборни комисии.

Најголема излезност има во Крива Паланка, Демир Капија и Кратово. Најмала излезност засега има во Врапчиште, Дебар и Боговиње.

Следниот прес на ДИК  е во 13 часот и 30 минути.