Полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Сопот при вршење патрола вчера го забележале и спречиле лицето К.Д.(55) од Народна Република Кина илегално да ја помине државната граница од Р.Србија кон Р.С.Македонија.

МВР денеска соопшти дека настанот се случил во 12.10 часот во реонот на село Лојане, Општина Липково, во близина на „Миратовачки пат”.

Лицето К.Д. е приведен и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. ц