Тимур Дибиров еден од ракометарите со најдолг стаж во овој ростер на Вардар, беше краток и јасен пред фановите, им се заблагодари и истакна дека овој момент сите се Македонци.

„Столе ти си наша икона. Ако овој е „играч број 5“, тогаш јас сум играч со број 31! И верувајте, денеска ние овде сите сме Македонци. Ви благодариме на сите за огромната поддршка, сакаме најмногу од се вас да ве израдуваме. Еден живот, една љубов, Вардар!“, извика Дибиров и предизвика овации кај публиката.