Добро вечер Македонијоооооo, вака Стојанче Стоилов, ја поздрави масата народ на плоштадот Македонија.

Моите соиграчи се најголеми амбасадори на нашата држава. Голем дел не се Македонци, ќе си отидат во своите држави, но ќе кажуваат за Вардар и Македонија. Најубав дел од нивните кариери. Да живее Вардар, да живее Македонија, рече Стоилов.

Масата народ извикуваше „Никогаш Северна, само Македонија“ и „Столе ти си наша икона“.