Родителите треба да работат на подобрување на имунитетот на децата, да ги носат на чист воздух и да им даваат повеќе витамини, препорача денеска директорот на Детската болница – Козле, Ангелчо Андоновски.

Тој посочи дека поради студеното време вообичаено за зимскиот период, постојано се зголемува бројот на пациентите во болницата.

Сите деца кои се хоспитализирани се со симптоми пулмонална патологија, односно со пневмонии, ларингитис, бронхитис…Болницата е полна со пациенти. Даваме помош на секое дете кое ќе биде донесено, додаде Андоновски, одговарајќи на новинарско прашање по доделувањето новогодишни пакетчиња на децата од страна на градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев и бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов.