Преговарачките тимови на СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, попладнево во Собранието повторно седнаа на маса во нов обид за изнаоѓање заедничко прифатливо решение за Законот за јавно обвинителство.

Министерката за правда Рената Дескоска, пред почетокот на средбата рече дека исходот на преговорите зависи од опозицијата.

Повеќе сум реалист отколку оптимист, затоа што знаеме кого имаме од другата страна. Дали ќе имаме договор зависи од опозиционата ВМРО-ДПМНЕ. Законот треба да биде суштински и во согласност со европските стандарди. Имаме неколку разидувања и тоа во однос на процедура при именување на обвинител, дилема дали воопшто ќе има ново обвинителство ако веќе го укинуваме СЈО и трето солидна правна рамка за водење на случаите. Неприфатливи се отстапки кои се надвор од европското право и вредности – рече Дескоска.