Од денеска тече рокот од 15 денови за увид во доказите за осомничените во случајот „Рекет“, соопштија од Јавното обвинителство.

 

 

 

По севкупната анализа на прибраните материјални и вербални докази, надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција што постапува во предметот познат во јавноста како „Рекет“, ја заврши истражната постапка за осомничените лица. Од денес тече рокот од 15 дена за увид во доказите за првоосомничените лица и правото на одбраната да предлага докази во корист на осомничените, соопштоја од ОЈО.