Денеска е Св. Наум Охридски, монах и презвитер, исцелител и просветител на македонскиот народ. Во народот овој ден е попознат како Св. Наум зимски. Има и уште еден кој се празнува на 3 јули

Именден празнуваат: Наум, Наумче, Науме, Наумка…

Свети Наум му беше најблизок соработник на божествениот Климент, а и на светите браќа Кирил и Методиј. Со последниве тој беше заедно во нивната мисија во Моравија.

Потоа некое време престојуваше во престолнината на Бугарија, Плиска, а најпосле дојде да биде учител во охридско, во времето кога Климент стана епископ. Потоа тој основа манастир на Охридско езеро, денешниот Свети Наум, каде ги помина последните 10 години од животот.

Мирно се успокои во Господа, како монах, во 910 година. Тој до денес не престанува да чудотвори. Посебно е познат како исцелител на душевно болни.

 Со света архиерејска божествена литургија во манастирскиот комплекс Свети Наум Охридски чудтоворец на Попова Шапка беше одбележан денешниот празник Свети Наум.

Со литургијата чиноначалствуваше митрополитот тетовско гостиварски господин Јосиф.

Беседа пред приусните во црквата одржа отец Александар Стојановски.

-Свети Наум е ученик и сотрудник на Свети Климент и заедно биле воведени во христовото евангелие и монашката предаденост и заедно ја вршеле мисијата во Светиклиментовиот универзитет. Свети Наум е изникнат од нашиот род и во текот на целиот свој живот му служеше на народот од овие простори и покажа како христијaнски да се живее не само тука, туку во целиот православен свет, рече отец Стојановски.

На денешното одбележување посветено на зимскиот празник на Свети Наум Охридски на Попова Шапка, присуствуваa министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски