Од граѓанскта иницијатива „УЧЕБНИЦИ И НАСТАВА МОРА ДА ИМА” најавија дека протестите ќе се одржат координирано во поголемите градови низ Македонија денеска со почеток во 12:00 часот, пред седиштата на Општините.

Од иницијативата „Учебници мора да има“ уверуваат дека немале успех пакобидите за компромис со Министерството за образование и наука и со министерката Царовска за законскиот проект за учебници и наставни материјали во основното и средно образование и затоа за денеска на пладне закажа мирни протести против донесувањето на тој закон.