Времето денеска претпладне долж Повардарието ќе биде магливо и со значително ниска облачност, кои попладне ќе се намалат. Во останатиот дел од земјата ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува умерен, а особено долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 23 степени.

Во Скопје претпладне магливо и со значителна ниска облачност, а попладне сончево. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 20 степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно и релативно топло време. Во претпладневните часови, особено долж Повардарието ќе има појава на магла или значителна ниска облачност. До петок ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер, особено долж Повардарието