ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе го достават до Собранието предлог-законот за амнестија на сите инволвирани во случувањата во македонскиот законодавен дом од 27 април минатата година. Ќе се бара тој да биде донесен по скратена постапка.
Потпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски викендов изјави дека предлог-законот за амнестија е веќе изготвен и денеска треба да биде поднесен до Собранието. Текстот ќе го достават пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, а СДСМ и сите останати, како што истакна Арсовски, ќе имаат можност да го прифатат.
-Ако намерите на СДСМ се искрени, сега е моментот да го изгласаат и да го тргнат товарот од сите луѓе што беа во случувањата на 27 април, нагласи Арсовски.
За СДСМ ваков закон е неприфатлив и го сметаат за мешање во работата на судството. Нивниот став е дека ова прашање треба да се реши преку Комисијата формирана во Собрание.
Истовремено денеска во Кривичниот суд продолжува судењето за настаните во Собранието на Македонија на 27 април минатата година.
Comments are closed for this post.