Општините Неготино и Кавадарци информираа ги откажуваат сите планирани настани и активности за празнувањето на „Свети Трифун“ поради страшната несреќа која синоќа се случи на автопатот Скопје – Тетово, кај месноста Карпалак.

Премиерот Зоран Заев,, вицепремиерот Кочо Анѓушев и министерот за земјоделство Љупчо Николовски денеска требаше да присуствуваат на свеченото закројување на лозовите насади на лозјата во тиквешијата.

Културно-забавниот дел се откажува и во Демир Капија. Ќе се одржи само велосипедската тура и ќе биде во чест на загинатите во сообрсќајката.

И Македонска филхармонија го откажува концертот „Моја љубов“ кој требаше да се одржи вечерва.

Македонската опера и балет со балетот Либертанго го откажа своето гостување во Битола.

Владата излезе со официјално соопштение дека денеска и утре се прогласени како денови на жалост.