Утре и задутре, 14 и 15 февруари, ќе бидат прогласени за денови на жалост поради тешката сообрќајка што се случи попладнево на патот Скопје – Тетово кај Карпалак.

Како што соопшти вечерва премиерот Зоран Заев, изразувајќи сочувство до семејствата на загинатите, бројката на починати се искачи на 14, а шест се борат за живот.

Причините за несреќата не се утврдени, истрагата е под раководство на надлежен обвинител. Веднаш штом ќе заврши ќе бидат соопштени деталите. Интервенциите беа брзи на сите институции. Вечерва за жал животите ги загубија 14 наши сограѓани. Седум на лице место, шест во ГОБ„8 септември“ и едно лице во болницата„Св. Наум Охридски“, изјави премиерот Зоран Заев по вонредната владина седница.

Тој најави дека утре ќе ги посети повредените во болниците, а во наредните денови ќе се донесат и долуки за поддршка на семејствата на починатите.

Во автобусот имало 51 патници. Возачот е во стабилна здравствена состојба. Земени се крв и урина, а на автобусот е извршен вонреден технички преглед.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски рече дека наскоро ќе излезат со повеќе детали за несреќата.

„Да заврши увидот, а потоа ќе продолжи вештачењето од обвинител и очекувам мошне скоро да излеземе со информации за тоа што придонело да се случи оваа сообраќајна незгода, рече Спасовски.

Според министерот за здравство Венко Филипче, четири пациенти се на интензивно лекување во ГОБ „8-ми Септември“. Тие се во критична, но е и во животнозагрозувачка состојба. Три пациенти се на Клиничкиот центар, врз нив моментно се врши хируршка интервенција и тие се со повреди кои не се животозагозувачки, иако критични.

„Проодлжува интензивното лекување и следните денови, како кај нив, така и кај сите останти хоспитализирани пациенти“, изајви Филипче.

Од она што веќе го соопштија од МВР се знае дека во средата попладне околу 16:45 часот на автопатот Скопје-Тетово автобус на „Дурмо транс“ кој се движел кон Тетово излетал од патот преку другата коловозна лента и се превртел.