Владината служба објави дека е продолжен договорот со Зоран Башановиќ од Србија. Тој за хонорар од 1.500 евра месечно ќе го советува премиерот Заев за економски прашања.

Српски „Курир“ пишува дека македонскиот премиер дебело ги плаќа своите советници како Башановиќ и Обрадовиќ кои во Србија не се на добар глас.

Конкретно Башановиќ, се споменува во аферата „Рекет“ како еден од соработниците на осомничениот Бојан Јовановски.

Башановиќ е поранешен естраден менаџер кој со доаѓањето на власта на Заев се сели во Македонија и станува негов советник.