По повод чествувањето на 18-ти август, Денот на Армијата, делегации на Армијата, Министерството за одбрана, кабинетот на Претседателот , Собранието,Владата , Сојузот на борците од НОВ, семејствата на поранешните претседатели на Република Македонија, ќе положат венци свежо цвеќе на партизанските гробишта, на гробот на загинатиот претседател Борис Трајковски, поранешниот претседател Киро Клигоров, како и на гробот на генерал Михаило Апостолски.