Двете деца што синоќа беа оставени сами во паркиран автомобил во скопската населба Ново Лисиче се времено одземени од родителите. Децата се сместени на безбедно место каде ќе ја добијат потребната грижа, нега и психо-социјална поддршка, соопштија од Центарот за социјални грижи.
Се чекаат документи и официјални резултати од истрагата на МВР и ОЈО, за да се одлучи до кога ќе бидат сместени во згрижувачко семсјтво или дали на родителите ќе им биде одземено родителското право.
Центарот бил известен за ситуацијата на децата уште во текот на вчерашниот ден, но поконкретни чекори се преземаат денеска откако завршиле деталните лекарски прегледи.
Од Клиниката за детски болести информираа дека двете деца со возило на Итната помош синоќа биле донесени околу 23 часот, во сввесна состојба, уплашени, лесно дехидрирани, а лабараториските анализи покажале уредни вредности.
Comments are closed for this post.