Огнен Коцевски, синот на нашиот познат романописец, книжен критичар и раскажувач Данило Коцевски, преку својата Фејсбук објава реагираше дека градот Скопје не му оддаде никакво признание ни чест на неговиот татко кој својата душа ја даде за главниот град на нашата земја.

Мојот татко, Данило Коцевски, единствениот врвен хроничар на градот Скопје, скопска легенда, боем, кој напиша толку многу за Скопје, кој го даде срцето и душата на Скопје. Градот Скопје по неговата ненадејна смрт на 13 септември, не најде за згодно да му оддаде никаква чест, признание, ниту награда за делото за кое тој го даде целиот свој живот, пишува во Фејсбук објавата на синот на Данило Коцевски.