Лидерска средба бара претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за односите со Бугарија. Тој смета дека ова прашање е премногу сериозно и оти треба да се седне на заедничка маса. Но прашање е дали Заев ќе прифати откако тој во неколку наврати рече дека се уште верува во договор.
Во врска со идејата за заедничка историја Мицкоски рече дека ја слушнал и ја прифаќа ваквата идеја само доколку источниот сосед ја признае македонската посебност.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека Владата најверојатно подготвува нов договор со Бугарија кој можно е да подразбира и уставни измени, налик на Договорот од Преспа.
Comments are closed for this post.