Седум иницијативи кои се однсуваат на промената на уставното име чекаат на разгледување од Уставниот суд. Според најавите тие треба да бидат ставени на разгледување кон средината на следниот месец.

Но, најпрво ќе има подготвителна седница на која уставните судии може да донесат одлука да ги отфрлат иницијативите и тие воопшто да не дојдат на дневен ред.

Поединечните иницијативите се на пртседателката на „Глас за Македонија“ Солза Грчева, професорката Тања Каракамишева и на уште неколку правни експерти.

Судот треба да одлучува поединечно. За тие иницијативи е задничко што се спори промената на уставното име согласно Договорот од Преспа и уставните измени што ги направи Собранието.

Новото име „Република Северна Македонија“ доби потпис од претседателот на Собранието но не и од тогашниот шеф на државата Ѓорѓе Иванов.

Тој одби да го потпише Указот на законот и тој беше објавен во Служен весник без негов потпис. Експертите сметаа дека тоа е неуставно и очекуваат уставните судии тоа да го потврдат.

Адвокатот Томе Тодоровски, предлагач на една од иницијативите објаснува дека во овој случај претседателот на Собранието излегува од својата надлежност и спротивно на Уставот ја презема надлежноста на претседателот на државата.

Неспорно е дека претседателот на Собранието нема надлежност, нема мандат, нема овластување и нема законска ниту пак уставна надлежност да прогласува закон без потпис на претседателот на државата Иванов.Сево ова претставува грубо политичко самоволие и непочитување на фунцијата Претседатели и кршење на уставот на државата-објаснува Тодоровски за „Pressing TV“.