Кога со автомобил се враќате од граничниот премин Блаце кон Македонија и ако вртите по радио приемникот во вашиот автомобил не можете да бидете сигурни во која држава влегувате. Како се приближувате кон Скопје нема речиси ниту една македонска радио станица, туку се слушаат само косовски.
Една од нив е КФОР радио кое се наоѓа на фрекфенцијата 103,7. Сигналот е силен и радио станицата се слуша до централното градско подрачје. На КФОР радиото се слушаат вести, информации на српски и албански јазик како и косовска, англиска и српска музика.
Нејасно е дали оваа радио станица има дозвола за емитување во Македонија или зрачи на „диво“.Одговор за ова треба да даде Агенцијата за аудиовизуелни услуги.
Ова не е исклучок бидејќи во јужниот дел на Македонија ечат и грчки радио станици.
Comments are closed for this post.