Измамен гостиварец останал без 13 илјади денари и 50 евра, за што во замена добил часовник во залог.

Во текот на вчерашниот ден, на улица „Илинденска“ во Гостивар, на 60-годишниот Ѓ.Л. му се приближиле две лица, од кои едниот бил станец. Му побарале пари за операција на сопругата на странецот, со ветување за награда од 500 евра. Како гаранција дека ќе се вратат со наградата, двајцата му оставиле часовник како залог на гостиварчанецот.

По некое време, откако Ѓ.К. сфатил дека е измамен ја пријавил измамата во полиција, од каде што информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.