Бугарија во најскоро време ќе и донира вакцини на РС Македонија.
Ова во интервју за БТВ го изјави шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева.
-Ќе донираме вакцини за Северна Македонија во најскоро време. Ги чекаме доставките од трите одобрени од ЕУ произведувачи. Не сме се откажале, Бугарија ќе ги донира вакцините кога ќе има доволно количина и за бугарските граѓани, изјави Захариева во емисијата „Лице во лице“ на бугарската БТВ.
Во врска со односите меѓу двете земји Захариева подвлече дека таа би сакала тие да се вратат во границите на нормалното.
-Правиме сѐ што е возможно тоа да се случи, рече Захариева.
Comments are closed for this post.