Искрено не ја разбирам сета оваа лутина околу датумот за избори. Експертите за инфективни болести секаде во светот препорачуваат внимателно реотварање на државите и бавно враќање на рутинските активности со контролирање на секоја флуктуација во бројките на заболени, објаснува д-р Петар Марков.
Тој вели дека дури и да се тие грешка а нашата власт да биде во право, единствената последица е што ќе мора да останеме уште два месеци со истата власт, но доколку експертите се во право и земјата го одложи влегувањето во брза изборна кампања, тоа може да значи спасување на животот на некој со кого го поминувате секој ден. За мене ова е лесен избор.
Само тие кои не виделе компјутерска томографија од белите дробови на пациент заболен од КОВИД-19 можат да притискаат за влегување во изборна кампања, и затоа, оние кои се најгласни на оваа тема ќе превземат најмала одговорност.Впрочем тоа што ме изненадува најмногу за време на оваа пандемија е удобноста на здравствените власти во коментирањето на огромната смртност на пациентите дека се справуваме одлично-објаснува Марков за „Пресинг ТВ“.
Тој нагласува дека здравствените работници, наместо да добијат почит од страна на државата бидејќи не ги напуштија своите работни места дури и кога за маски чекаа од донации, сега треба да стрепаат на работните места бидејќи во болницата им влегла инспекција која ги казнува доколку немаат ставено маска.
Оваа криза треба да биде крај за нефункционалниот систем кој не е спремен да овозможи основна здравствена заштита а во исто време сме сведоци за вртоглави суми кои се слеваат во овој ресор. И најмногу, кризата е директен резултат на политизацијата на овој аспект од нашето општество со цел само неколку привилегирани да остварат бенефит-додава Марков
Comments are closed for this post.