Со симболични црни лампиони што ги закачија на оградата на владината зграда, членови на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, изразија протест против, како што рекоа, политиката на Владата што не дава никакви позитивни резултати.

Како што истакна в.д. Претседателот на УМС, Јован Јаулески, особено запоставени се младите, кои наместо да се вратат во Македонија, како што беше ветувано во предизборниот период, уште повеќе ја бараат својата иднина во странство.