Активистиката за легализација на канабисот, Моника Ристеска, е осудена на две години условна казна затвор. На денешното прво судско рочиште таа ја призна вината, објаснувајќи дека се кае и дека нема намера повторно да го стори ова или друго кривично дело. Условната казна од две години затвор ќе стапи на сила ѝ се изрече доколку во наредните 5 години таа направи какво било кривично дело. Таа е осудена за „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Ристеска им се извини како на државните институции, така и на нејзиното семејство и нејзините сограѓани. Таа порача дека притворот ѝ бил тешка лекција и ја променил како личност, по што сфатила дека сака да продолжи со нормален живот – семејство, работа, да го заврши вториот факултет, но и во улога на хуманитарец и интелектуалец да ѝ помага на заедницата и општеството.

Јавното обвинителство покрена обвинение оти осудената во текот на минатата и оваа година со умисла извршила дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на истото дело. Притоа, Ристеска неовластено кај себе држела, преработувала и продавала марихуана и хашиш смола. Во октомври на Ристеска ѝ беше определена мерка притвор во траење од 30 дена, кој потоа беше и продолжен.