Две лица, од Скопје и од Кумановско се повредени во сообраќајна незгода на магистралниот пат Ќафасан – Подмоље, соопшти денеска СВР Охрид.
Според информациите на полицијата, незгодата се случила вчера околу 15 часот и 50 минути на место викано „Пескавица“ во близина на Струшкото село Франгово.
М.Д. (35) од Скопје, управувајќи патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, излетал од коловозот. Во незгодата, возачот М.Д. и сопатничката Ј.Ќ. (27) од кумановското село Умин дол, се здобиле со повреди, појасни портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициската станица Струга.
Comments are closed for this post.