Бизнисменот Зоран Милевски, попознат како Зоки Кичеец е приведен денеска во еден познат скопски ресторан. Веднаш по приведувањето, тој беше донесен во кривичниот суд.

Зоран Милевски заедно со Бојан Јовановски, познат како Боки 13, се осомничени за кривично делo „Примање награда за протизаконито влијание“, а Јовановски се сомничи и за перење пари бидејќи примените парични средства ги пуштил во оптек како легално стекнати.

На прес-конференција, обвинителката Вилма Русковска соопшти дека во предлогот кој го доставиле до судот детално образложиле зошто бараат притвор.