Беса потврдува дека не добиле покана за лидерската средба која за в петок ја закажа премиерот Зоран Заев и на која досега се поканети Христијан Мицкоски и Зијадин Села.

Не, не сме имале никаква покана. Кога би знаеле за агендата и за разговорите ние како политичка партија сме контруктивни и ќе ја разгледаме сериозно – објаснува потпретседателот Адбуш Демири.