Вчера околу 9.55 часот во Битола на улица „Климент Охридски“, бил пронајден починат Р.П. (57) од Битола.

Од страна на доктор од Итна медицинска помош била константирана смрт, без видливи траги на насилство.

Извршен е увид на местото на настанот. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот ќе биде предадено за обдукција.