Продолжува одличната серија настапи на Вардар во ракометната Лига на Шампиони. Нова победа за црвено-црните. Вечерва против Рајн Некар во спортскиот центар Јане Сандански со 29:27. Ова е четврта победа за црвено-црните во исто толку натпревари оваа сезона во европската лига.
Овој пат Вардар имаше негатива на полувреме (13-15), но со пресврт во вториот дел успеа да ги совлада германците. Осум голови постигна Дибиров, по четири, Карачиќ и Борозан, а Милосављев блескаше на голот со десет одбрани. Претходно Вардар ги победи и Монпеље, Веспреп и Кристијанштад.
Comments are closed for this post.