По обезбеденото двотретинско мнозинство при гласањето во Собранието со што беше изгласана потребата за измена на Уставот, задоволство од резултатот изразија голем број претставници од грчката влада.
Честитки за исходот од гласањето на своите твитер профили искажаа портпаролот на Владата, Димитрис Ѕанакопулос, алтернативниот министер за надворешни работи Јоргос Катругалос и министерот за дигитална политика Никос Папас.
Се направи првиот голем чекор за да стапи во сила историскиот Договор од Преспа. Гордо продолжуваме за Балкан на мирот, пријателството и на соработката, напиша Ѕанакопулос.
Έγινε το πρώτο μεγάλο βήμα για την θέση σε ισχύ της ιστορικής Συμφωνίας των Πρεσπών.
Συνεχίζουμε με περηφάνια για τα Βαλκάνια της ειρήνης, της φιλίας και της συνεργασίας.
— Δ. Τζανακόπουλος (@d_tzanakopoulos) October 19, 2018
Добиено потребното мнозинство за уставни промени во ПЈРМ. Важен и позитивен чекор. Одиме напред, коментираше преку Твитер, министерот за дигитална политика Никос Папас.
Κερδήθηκε η απαιτούμενη πλειοψηφία για συνταγματικές αλλαγές στην ΠΓΔΜ. Σημαντικό θετικό βήμα. Προχωράμε.
— Νίκος Παππάς (@nikospappas16) October 19, 2018
Се потврдува динамиката на Договорот од Преспа во корист на двата народи, но и на стабилноста во регионот, напиша алтернативниот МНР, Јоргос Катругалос и сподели линк со вонредната вест објавена на официјалниот Твитер профил на грчката државна телевизија ЕРТ во однос на резултатите од гласањето во македонското собрание.
Γραμματικάκης: Ναι στη συμφωνία των Πρεσπών, όχι στην εμφύλια πόλωση | Documento https://t.co/zsetw5YF72
— Documento (@documentonews) October 20, 2018
Comments are closed for this post.