Утре почнува трансферот за обесштетување на дел од 12.000 пензионери на кои со години не им биле префрлувани средства во вториот пензиски столб, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска во вечерашното гостување на „24 анализа”.
Според неа, секој пензионер ќе биде обесштетен согласно неговите индивидуални уплати од работодавачот.
Царовска потнцира дека пензикиот систем денес е постабилен, како за сегашните, така и за идните пензионери.
Првата исплата на 4.926 осигуреници почнува утре, но и задолжителното префрлување согласно новата законска регулатива на 11.319 членови од вторите друштва кон првите веќе тече. Двата трансфера ќе завршат до крајот на месецов, истакна Царовска, додавајќи дека сите пензионери ќе бидат информирани, од МАПАС ќе добиваат посебни писма.
Министерката напомена дека непрефрлувањето на средствата е откриено по направена целосна анализа и увид во податоците на Пензинскиот фонд.
Во целиот систем се навестуваше дека некои работи „шкрипат”, зашто не постоеше анализа. И од фондот и од администрацијата се навестуваа некакви пропусти. Реков, зашто заедно со меѓународните инстутиции, со оглед дека подготвуваме целосна реформа, да не направиме детален увид во секој податок, зашто сепак, тие податоци постојат. Направивме целосен увид во електронскиот систем, во податоците на Пензинсиот фонд, објасни Царовска.
Нејзина оценка е дека податоците секако постоеле во Пензискиот фонд, но немало анализа поради што не можеле да се изнесат факти и детали за она што се случувало.
Мојата интенција како министер е секое прашање што ќе се идентификува како проблематично, да се реши преку реформски пристап. Најважно ми е што сум го детекрирала проблемот, што сум го утвридла со извештаи и што нудам решение. Сега да оставиме надлежните институции да постапат по предметот, подвлече министерката Царовска.
Comments are closed for this post.