Одговорот на ова прашање е многу комплексен бидејќи имаме многу фактори. Од една страна, го имаме брегзит и целото внимание во моментов е на Брегзит, вели бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов на прашањето дали Македонија во јуни ќе добие датум за почеток на преговори со ЕУ.

 Тука се изборите за Европскиот парламент, кои ќе видиме каков резултат ќе дадат. Затоа и извештаите за Република Северна Македонија и за Албанија ќе бидат објавени по изборите за ЕП, за да не бидат искористени во кампањата. Тоа мислам дека е добро и за вас, затоа што добивате дополнително време за да ги завршите своите задачи. И кај вас ќе има избори и вие сте фокусирани на нив, што е нормално, но треба да има резултати. Ние сме ваши поддржувачи и сме посветени на имплементацијата на Софиската агенда, но потребни ни се аргументи за уште посилно да се заложиме за вас, а тие аргументи можете само вие да ни ги дадете ако си го завршите вашиот дел од работата. Правецот е правилен и добар, останува да се завршат уште неколку работи. Тоа се фер и демократски избори, кои се клучни за целиот процес, како и законите што Собранието треба да ги донесе за да може да бидат содржани во извештајот, за и скептичните држави да бидат убедени дека вие произведувате реформи-објаснува амбасадорот