На прашање дали е реална бројката од 1,8 милиони избирачи во државата која има два милиони жители, претседателот на ДИК,Оливер Дерковски појаснува дека Изборниот законик вели дека граѓанин има право на глас доколку наполнил 18 години и има државјанство на нашата држава.

Тоа значи дека сите оние кои имаат државјанство, а се полнолетни, без разлика дали живеат во нашата држава или се надвор некаде, имаат право на глас. Тука се јавува таа разлика и не треба да ги спојуваме бројот на жители со бројот на запишани избирачи. Ако се потрудите да добиете бројка од Министерството за внатрешни работи, ќе видите дека некаде околу 2,5 милиони е бројот на државјанства издадени од Министерството и ако од таа бројка ја извадите бројката на малолетни лица, тогаш бројката што ја имаме на избирачкиот список во ситуацијава 1.808.131 гласач е сосема реална бројка. Има повеќе примери во светот кадешто бројката на запишани избирачи е поголема од бројката на жителите. Еден таков сличен пример е Република Грција, каде што имате запишани скоро 11 милиони гласачи, а државата има скоро толку и број на жители