Поранешниот премиер Владо Бучковски ќе биде специјален претставник на македонската Влада за Бугарија.

Владата предмалку го именува Бучковски на оваа позиција, објаво 360 степени.

Поранешниот премиер и министер за одбрана, како и некогашен лидер на СДСМ, во последно време е мошне често присутен и на медиумите во Бугарија, каде што ги пренесува своите ставови во однос на надминувањето на недоразбирањата со Македонија.

Бучковски, универзитетски професор по Римско право, сега е ангажиран на докторските студии на бугарскиот државен универзитет „Уни БИТ“, а исто така е дел од мрежата „Jus Romanum“ на Софискиот универзитет .

По неодамнешното интервју на премиерот Зоран Заев за БГНЕС, кое предизвика лавина реакции во јавноста, Бучковски му даде отворена поддршка на својот некогашен сопартиец и соработник посочувајќи дека тој „од петни жили“ се бори за евроинтеграцијата на С Македонија.