Историско ниско ниво на капитални инвестиции, се забележува во Извештајот на Европската комисија презентиран деновиве. За владините трошења, кои ги критикува, забележува дека се за социјални трансфери, не за развој на економија.

Во Извештајот за напредок од страна на Европската комисија е нотирано дека струкурата на владините трошења е склона повеќе кон тековни трошоци и поддршка на приходите, за сметка на инвестициите кои ако се остваруваат треба да го зголемат економскиот раст.

По ова произлегува дека владините трошења не се насочени кон развој на економијата, туку се трошат во најголем дел за социјалните трансфери.

„По забележителните зголемувања помеѓу 2009 и 2012 година, учеството на капиталните трошоци во вкупните расходи на централната влада се намали од 12% (2012 година) на 6% (во 2018 година), и се зголеми маргинално на 8,2% во 2019 година. Што изнесува само 78% од ребалансот на буџетот“ – се наведува во Извештајот.

Од достапните информации од министерството за финансии, заклучно со 31.08.2020 година вкупната реализација на капитални инвестиции е 39.52% што е загрижувачки ниско ниво или само 125,926,324 милиони евра од предвидените 318,606,037 евра.

Институциите треба да најдат начин како до крајот на годината капитално да инвестираат во трајни добра за да создадат раст на економијата во вредност од скоро 200 милиони евра. Спороста со која се одвиваат промените, неажурноста на институциите и неефикасноста во нереализирање на капитални проекти ја чини економијата дополнителна рецесија.

Затоа не е ни чудно што во Извештајот како дел од причините за недововолното реализирање на капиталните инвестирања се наведени и ревидирањето на проектите и проблемите со имплементација на проектите од страна на Владата.