Од 323 846 гласа кои кандидатот на СДСМ и ДУИ Стево Пендаровски ги доби во првиот круг од претседателските избори, околу 45 000 се од гласачи етнички Албанци. Од нив барем 25 000 се на ДУИ и останатите партии од албанскиот политички блок кои се во коалицијата. Исто така власта не може за гласањето на 5 мај да смета на поддршката од гласачите кои застанаа зад кандидатот на Алијанса на Албанците и БЕСА Блерим Река, смета политичкиот аналитичар и директор на Институтот за политички истражувања Владимир Божиновски.
Според него ДУИ ја испорачала поддршката за Пендаровски без која извесно е дека тој би ги загубил изборите во првиот круг иако и интегративците се поразената страна во албанскиот политички блок. Смета дека реалната сила на СДСМ според овие бројки е до 290 000 гласови.
Кандидатот коалицијата Алијанса и БЕСА постигна одличен резултат. И тие се апсолутни победници на изборите во албанскиот политички блок. СДСМ, ДУИ, ДПА и Алтернатива, заедно, во владеачката коалиција испорачаа оклу 45 000 гласови. Зошто Алијанса и БЕСА би му ги дале во вториот круг гласовите на ДУИ и Пендаровски? За да си го негираат триумфот, позицијата коja ја имаат во албанскиот блок и да продолжат да бидат во опозиција? Нема логика. Тоа би значело дека ДУИ со гласовите од нивните поддржувачи би го избрале Пендаровски. Тоа се гласачи кои се незадоволни од ДУИ и СДСМ. Зошто Села сам би си ја сечел гранката? Не знам од каде таа сигурност на СДСМ да се надеваат на тие гласови. Освен тоа Таравари неколку пати има изјавено дека идеолоошки се поблиски до ВМРО-ДПМНЕ, вели Божиновски, директор на еден од институтите кои пред изборите правеа истражувања на јавното мислење.
Божиновски вели дека на големиот пад во гласовите на СДСМ и ДУИ освен Договорот од Преспа пред се влијаеле нереализираните ветувања, немањето инвестиции, лошата политика која не го донесе очекуваниот живот како и партиските вработувања, непотизмот и непринципиелните коалиции.
Спотред него за сигурно исполнување на цензусот во вториот круг ќе треба и двете страни да мотивитраат значителен процент гласачи бидејќи е веројатно дел од гласачите на Река да не поддржат никого.
Дека СДСМ, ДУИ, ДПА, Алтернатива и НДП добиле околу 40 000 албански гласови смета и генералниот секретар на Алијанса на Албанците Арбен Tаравари. Тој во емисијата 24 Анализа истакна дека консензуален кандидат е пропаднат проект..
Ние сме задоволни од бројот на гласови кои ги освоивме со независниот кандидат кој го поддржавме. Значи соодносот на албанската опозиција спрема партиите кои што беа како консензуални тие добија околу 40 000 гласа плус минус десет посто, ние освоивме околу 80 000 гласови како опозиција. Испративме порака пораката и од народот ни дојде дека консензуалниот канддидат што го промовираше ДУИ е пропаднат проект којшто не помина кај Албанците. Заедничкиот кандидат којшто го промовираше СДСМ за жал кај Албанците доби 40 000 гласови. Од СДСМ Албанци, ДУИ, ДПА , НДП сите заедно, рече Таравари.
Comments are closed for this post.