Бугарскиот премиер Бојко Борисов коментирајќи го можниот избор на Кристалина Георгиева за нова шефица на европската дипломатија нагласи  оти не сака Бугарија  да биде обвинета дека токму таа го попречува проширувањето.

Многу е веројатно земјите на Западен Балкан да не бидат поканети. И тогаш – Косоварите, Албанците, Македонците, Србите… ќе речат дека заради Бугарката не добиле покана, изјави Борисов во Брисел.