Деновиве улогата на Гоце Делчев стана повод за коментари. Тоа е жално, зашто тоа е еден бугарски херој, кој се жртвувал и вложил се за слободата на Македонија. На ист начин еден Че Гевара, по народност Аргентинец, отишол да се бори за слободата на Куба, а потоа загинал за трета држава. Наместо тие херои да не обединуваат и да не прават посилни, стануваат јаболко на раздорот. Тоа се луѓе, кои се жртвувале за доброто на сите луѓе во регионот.
Ова го изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов на отворањето на економскиот форум во Пловидв, пренесуваат бугарските медиуми.
Се надевам дека заедничката комисија за историјата со Северна Македонија на најбрз начин ќе ги прифати неопходните заклучоци за да може Договорот за добрососедство да се почитува и да продолжиме да ги поддржуваме за НАТО и Еу, рече Борисов.
Comments are closed for this post.