Чувме како блеска владата, а не зошто се разрешени министрите“, рече координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Потенцираше  дека премиерот не може да биде министер за финансии, упатувајќи на Членот 13 од Законот за влада, кој пропишува дека „Министерот самостојно раководи со министерството за кое е избран, го следи и е одговорен за спроведувањето на законите и другите прописи“.

Министерството има заменик-министер и секој за документ непотпишан од заменикот да размислуваат вработените како ќе постапуваат зашто ќе бидат повикани на одговорност“,  рече тој.

Го праша премиерот Заев зошто го разреши министерот за финансии Драган Тевдовски кога Владата се фали дека изминатава година е година на економијата?

Реплицираше и пратеникот Илија Димовски кој рече дека Заев ќе продолжи да биде неформален министер за финансии и дека е тоа поигрување со законот.

Доколку сакате да бидете министер за финансии, повлечете се како премиер. Или пак, можеби немате способен човек кој ќе сака да раководи со финансиите“, наведе Димовски.

Заев на ова одговори дека ќе раководи по овластување до назначување на друг министер.

„Успешни беа бројките во економијата, но не се доволни“, возврати премиерот Заев.

Ветив економска лекција и на ВМРО-ДПМНЕ и на граѓаните. Ќе ја одржиме до крај. Се е спремно. Повеќе пречки нема. Сите пријатели се околу нас“, истакна во една од дискусиите со опозициските пратеници премиерот Заев.