На рочиштето за случајот „Рекет“, Обвинителството ги покажа фискалните сметки од гардеробата што ја купувал обвинитетиот Бојан Јовановски.

Сумите од шопингот на Боки што се одвивал во Милано се движат од 900 евра па се до 10.000 евра.

Дел од сметките се на Јасмина Јовановски, мајката на Боки, а дел на обвинетиот.

Намерата на Обвинителството со покажувањето на сметките е да докаже перење на пари од страна на Јовановски.