Бојан Јовановски, познат како Боки 13, пред почетокот на денешното рочиште за случајот рекет ја колнеше обвинителкатаВилма Рускоска. Тој беше револтиран затоа што Рускоска не дава позитивно мислење тој да биде ослободен од затворскиот притвор и истиот да биде заменет со куќен.

Зборувајќи за нов медицински извештај, за како што тврди, малигнозна состојба, Бојан Јовановски и се сврте на обинителката:

Корумпирана обвинителке, вршите тортура врз мене. Што се смееш на малигнозна состојба? Господ нека ти врати! Вршиш тортура врз мене и тоа сите го гледаат!

Јовановски мавташе и со лист хартија повикувајќи се на неговата здравствена состојба.

Русковска, која во судницата дојде со обвинителката Ивана Трајчева, не возврати на навредите, а присутната полиција го отстрани Јовановски од судницата.

Јовановски беше вратен во судницата кога пристигна судечкиот совет.