На денешното рочиште за случајот „Рекет“ се прегледуваше содржината од мобилниот телефон на Бојан Јовановски.

Во него најчеста комуникација е помеѓу него, Катица Јанева и Орце Камчев.

Во една од пораките, Боки на Катица и праќа слики од гарнитури, а насловот на пораката гласи: „Одбрав – стигнати се“.

Во честата комуникација што ја имале со Камчев, бизнисменот најчесто се распрашува до каде е неговиот случај.

– Лиле не мирува, а Зоки зборел глупости – пишува во една од пораките.